Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 7 до 13 декември покажуваат дека најмногу заболени лица од Ковид-19 во Македонија има кај лицата на возраст од над 60 години. За една недела 73 деца на возраст од 0 до 9 години се заразиле со коронавирус.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.
Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.503, 27,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.042; 18,9%), 50-59 (n=1.040; 18,8%), 40-49 (n=1.030; 18,7%) и 20-29 (n=648; 11,7%).
Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=73; 1,3%) и 10-19 години (n=182; 3,3%).
ДЕЦА