Македонија 08. март 2021. / 14:29

За една недела се самопопишале над 32.000 лица од дијаспората

За една недела се самопопишале над 32.000 лица од дијаспората

Во првата недела од пописот, преку електронската апликација се самопопишале 32.752 лица од дијаспората, соопшти заводот за статистика.

-Бројот на попишани расте секој ден. Проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира. Самопопишувањето за едно лице трае само 10 минути и воопшто не е сложено. Ги охрабруваме и мотивираме иселениците да одвојат кусо време и да се самопопишат,  соопштија од Заводот за статистика и потсетуваат дека иселениците можат да се самопопишат до 21 април.