Според неделниот извештај на ИЈЗ за периодот од 2 до 8 ноември зголемен е бројот на нови случаи со ковид-19.
Регистрирани се 7.280 нови позитивни случаи, односно 25.5% повеќе во однос на минатата недела.
Најголем дел од новозаразените припаѓаат на возрасната група над 60 години – 21,2%. Понатаму, 19,9% се на возраст од 30 до 39 години, нешто помалку (19,3%) се во групата од 40 до 49 години, а речиси ист број (19,2%) се во групата од 50 до 59 години.
На возраст од 20 до 29 години се 15% од новозаразените во текот на минатата недела, додека децата и тинејџерите се најмалобројни. Во групата од 10 до 19 години се 3,5% од новозаразените, а од 0 до 9 години се 1,6%
Голем скок има и кога станува збор за стапката на смртност. Во неделата од 2 до 8 ноември имало 127 смртни случаи што е зголемување за дури 41,1% во споредна со неделата претходно.
Во однос на возраста, 94 лица од починатите биле над 60 години, 19 лица биле на возраст од 50 до 59 години, 9 биле возрасната група 40-49 години, 4 од 30 до 39 години и 1 починат бил на возраст 20-29 години.
Минатата недела ИЈЗ регистрирал и 3 114 оздравени пациенти, што е 852 лица повеќе во однос на претходната недела.