Во Собранието на Република Македонија денеска треба да се одржат две пленарни седници, како и седници на комисиите за финансирање и буџет, за образование, наука и спорт, за политички систем и односи меѓу заедниците и на законодавно правната комисија.
На 34. Седница пратениците, треба да го разгледаат предлогот за дополнување на законот за судовите, а на 35. Седница предлогот за изменување и дополнување на законот за кривичната постапка.
Членовите на комисијата за политички систем ќе расправаат за изменување и дополнување на законот за извршување, како и на законот за нотаријатот.
Комисијата за образование и спорт ќе ги разгледува предложените измени на законот за академијата за наставници и на законот за наставници во основните и средните училишта.
Комисијата за финансирање и буџет, пак ќе ја продолжи вчера започнатата расправа по ребалансот на буџетот.