Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека е прифатливо претседателот на државата да се избира и во Собранието, доколку не биде обезбеден потребниот цензус на претстојните претседателски избори. Тој во синоќешното интервју на „ТВ 21“ истакна дека оваа тема со проблемот за цензусот е стара 10 години.
–Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, но сега изгледа дека е оправдано да се мисли на такво нешто. Претседателот може да се избира и во Собранието, и мислам дека е тоа оправдано, изјави Ахмети.