Македонија 13. август 2020. / 14:15

За 24 часа регистрирани 464 прекршоци за неносење маска

За 24 часа регистрирани 464 прекршоци за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на  Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, полицијата регистрирала 464 прекршоци.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.