Македонија 07. март 2021. / 16:31

За 24 часа, регистрирани 333 новозаразени и 10 починати од Ковид-19

За 24 часа, регистрирани 333 новозаразени и 10 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа, низ лабораториите во Македонија се направени 2.259 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19.

Распределбата на новозаразени лица по градови е следна:

Скопје – 182, Кавадарци – 22, Куманово и Охрид – по 20, Тетово – 15, Битола – 11, Прилеп – 9, Неготино – 8, Велес и Ресен – по 7, Гостивар – 6, Гевгелија – 4, Струмица – 3, Струга, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2, Штип, Кочани, Дебар, Радовиш, Берово, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 268 оздравени пациенти.

Пријавени се вкупно 10 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85г,70г,70г) 2 пациенти од Кавадарци (90г, 59г) и по 1 пациент од Штип (47г), Велес (59г), Кочани (79г), Куманово (82г), и Охрид (68г). Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент во домашни услови.