Македонија 04. јуни 2020. / 10:00

За 24 часа бројот на асимптоматски пациенти се зголемил за 39

За 24 часа бројот на асимптоматски пациенти се зголемил за 39

Со новиот бран на коронавирус во Македонија се зголеми и бројот на лица кои се позитивни на вирусот, но немаат симптоми.

Податоците велат дека за 24 часа, бројот на асимптоматски случаи во земјава е зголемен за 39 лица.

До 1. јуни во Македонија биле регистрирани вкупно 791 случај на коронавирус кај лица кои немале симптоми на вирусот.

Веќе следниот ден, на 2-ри јуни, вкупниот број на асимптоматски случаи на Ковид-19 изнесува 830 лица.