Македонија 16. мај 2020. / 13:37

Вучиќ: Пендаровски им се умилкува на Германците затоа дава такви изјави

Вучиќ: Пендаровски им се умилкува на Германците затоа дава такви изјави

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вели дека Македонија направила сè за да ѝ се додвори на Германија како најмоќна сила во Европската Унија. Вучиќ за ТВ „Прва“ рекол дека на инаугурацијата на Стево Пендаровски го замолил Македонија да не се изјаснува за Косово.

Единствената работа за која го замолив Пендаровски на инаугурацијата беше: внимавајте, како Господ ве молам, гледајте за тие теми за Косово и Метохија да не зборувате. Тие, секако, спротивно на мојата молба, го направија тоа за да се истакнат и да се умилкуваат на Германците, рекол српскиот претседател.

Претходно српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, кажа дека Србија ќе одлучи како ќе ги реши проблемите на Косово и Метохија, а Пендаровски ниту некој ќе го праша ниту некој ќе бара негово мислење.