Македонија 03. јули 2020. / 11:15

Втора жртва на корона вирусот во тиквешијата: Утринава починало 56-годишно лице од Неготино

Втора жртва на корона вирусот во тиквешијата: Утринава починало 56-годишно лице од Неготино

Регистрирана е втората жртва со корона вирус во Тиквешко.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, утринава за МИА потврди дека починало 56-годишно лице од Неготино, кое претходно се лекувало неврохируршки во Скопје, а било позитивно на Ковид-19.

Пред извесно време, во Кавадарци почина албански државјанин кој работел во земјава, а кој исто така бил позитивен на корона вирус.