И покрај врнежите што ја зафатија земјава, нивоата на повеќето реки се под просекот за јанаури.
Според денешните хидролошки мерења, двојно зголемување бележи Бабуна кај Богомила, а за речиси три пати е зголемена Брегалница кај Берово.
Кај езерата, Преспанското и Охридското, нема поголеми промени, и натаму се под месечниот просек.