Во среда, Врховните судии ќе одржат општа седница на која треба да зазевмат став дали за актулените постапки за ра разрешување на судии, вклучително и судии во Врховен, треба да важи стариот закон кој предвидува поригорозни мерки, или новиот.
Актуелниот претседател на Врховен суд, Јово Вангеловски овој предлог веќе го постави на дневен ред пред своите колеги минатава недела, но за расправата немаше кворум. Имено, со новиот Закон за судии од 2019, судиите за кои е покренато барање за разрешување пред Судскиот совет може да поминат само со дисциплинска мерка, наместо како досега – директно да биде разрешен.
Но, главната дилема е дали Врховните судии може да одлучуваат, со оглед дека за половина од нив веќе има постапки пред Судкито совет. Поранешниот претседател на Врховниот суд, Дане Илиев, очекува судиите да се иземат од гласање.
Во моментов постапки за разрешување се покрената за 9 од 18 врховни сдуии – тројца на чело со Вангеловски за притворот на Сеад Кочан, потоа уште четворица предложени за разрешување за бегството на обвинетите поранешни агенти на УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, и две судијки за кои Ванегловски поднел иницијатива.
Инаку новата иницијатива пред Врховен ја поднесоа адвокатите Анита Бегова и Ѓорѓи Шајн.