Македонија 06. мај 2019. / 16:09

Врховен суд ги укина пресудите за случајот „Ликвидација“

Врховен суд ги укина пресудите за случајот „Ликвидација“

Врховниот суд ги укина пресудите за случајот „Ликвидација“. Паднаа и првостепената и второстепената пресуда, а предметот повторно ќе се врати на судење, објави Плусинфо.

Предметот е е поврзан со убиството на Лазар Милошевски (74) во 2005 година во велешкото село Ореше.

Во случајот еден од осудените беше и новинарот Томислав Кежаровски кој првично беше осуден на 4 години и 6 месеци, а потоа казната беше намалена на 2 години затвор. Тој се товараше дека во текст објавил идентитет на заштитен сведок.

Покрај него, на обвинителната клупа седнаа уште седум лица, меѓу кои судии, јавен обвинител и адвокат.

Обвинетите се товареа за примање поткуп, злоупотреба на службена должност, неовластено откривање на сведоци, недозволиво поседување оружје и друго.