Македонија 23. јануари 2019. / 13:58

Врховен ќе одлучува за иднината на СЈО

Врховен ќе одлучува за иднината на СЈО

Врховниот суд на крајот од месецов ќе разгледува две иницијативи поврзани со постапките од СЈО, објави Телма.

Од највисокиот суд за Телма ја потврдија информацијата дека на 30 јануари е закажана општа седница, на која присуствуваат сите судии од овој суд, и меѓу другото на дневен ред за разгледувавање има две иницијативи на адвокати за начелно правно мислење поврзано со постпаките на СЈО. Конкретно на што се однесуваат овие иницијативи од Врховен најавија информација во текот на денот.

Адвокатот Еленко Миланов во телефонски разговор за Телма потврди дека тој во декември минатата година поднел иницијатива до Врховен за начелно правно мислење за тоа дали СЈО смее да покренува нови истраги по рокот од 18 месеци, кој истече во јули 2017. Но Миланов вели дека не знае дали неговата иницијатива е ставена на разгледување на оваа општа седница.

Обајснувањето на СЈО изминатиот период за неколкуте истраги што ги отворија беше дека рокот од 18 месеци го сметаат од моментот кога ги преземале предметите и материјалите од државното обвинителство а не од моментот кога ги преземаа бомбите.

И други адвокати кои бранат обвинети од СЈО велат дека поднеле иницијатива до врховен правни мислења поврзани со постпаките на СЈО. Адвокатот Димитар Дангов потврди дека поднел 5 иницијативи меѓу кои за тоа доказите може да бидат оригинал или фотокопија околу Законот за заштита на приаватноста, за извеувањето на доказите на судење .

Пред речиси две години имаше неуспешен обид Врховен да одлучи за тоа дали бомбите можат да бидат докази во постапките на СЈО.