Македонија 09. декември 2020. / 09:42

Времето облачно со повремен дожд, на повисоките планини врнежи од снег

Времето облачно со повремен дожд, на повисоките планини врнежи од снег

Времето во земјава ќе биде облачно, наутро со пообилни и на места поројни врнежи од дожд (над 20 л/м2), а на повисоките планини од снег. Од вечерните часови кон четврток понекаде во планинските региони ќе има услови за појава на замрзнат дожд. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер најинтензивен долж Повардарието и во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 7, а дневната од 7 до 13 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од 2 степени во утринските часови, до максимални 7 во текот на денот.

Во следниот период ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од слаб до умерен дожд, а на планините со повремен снег, наутро ќе има услови за појава на магла во котлините. Наутро постудено ќе биде во петок и за време на викендот.