Вкупно 180 македонски граѓани денеска се вратија со организиран лет од Берлин и Келн/Бон.
Со ова, бројката на вратени македонски граѓани, заклучно со денеска, изнесува 2.200 граѓани, кои претходно се изјасниле дека прифаќаат задолжителен државен карантин и учество за плаќање на цената за авио билетот.
При летот од Скопје кон Берлин, земјава ја напуштиле 163 странски државјани кои се упатиле кон своите домови.