Македонија 15. февруари 2020. / 16:42

Вратена старата табла на државното правобранителство во Кочани

Вратена старата табла на државното правобранителство во Кочани

Неполни 24 часа по објавувањето на текстот за поставување на двојазична табла на зградата на Основен Суд – Кочани, каде што не е исполнет Законот за употреба на јазиците, денес го доби својот епилог.

Со експресна реакција на надлежните денес некаде околу 14:00 часот двојазичната табла е отстранета, а на нејзино место е старата на која само на Македонски јазик е напишано „Државно правобранителство на Република Северна Македонија – Кочани“.