Денеска иако е ден на шегата, на околу 2500 вработени во ЈП “Македонски Шуми” ( по ново ‘национални’ ) воопшто не им е дојдено до првоаприлски шеги, објави центарот за комуникации на македонска акција МААК.
Имено, во екот на најголемат здравствена криза во поновата историја, вработените во Македонските шуми од денеска останаа без здравствено осигурување. Како малце зло да им се нанесува со нередовната исплата на платите кои доцнат со месеци, денеска им беше одземено правото на државно лекување. МААК го прашува директорот кукла Зоран Ѓорѓиев зашто и покрај тоа што има средства, јавното претпријатие не ги исплаќа редовно платите на вработените и зашто токму кога најмногу е потребно истите остануваат без здравствено осигурување?, прашуваат од МААК.