Дел од новинарските „ведети“ на 1ТВ , најмалку двајца од нив, покрај енормно високите хонорари, добивале и уште нешто што реално не е познато во медиумската пракса во Македонија, објавува „Канал 5“.
Како што пишува „Канал 5“ во јавноста има информации дека дел од новинарската „елита“ на 1ТВ добивала огромни хонорари, за кои се шпекулира дека се добивани на незаконски начин. Најмалку двајца од елитните новинарски „пера“ на 1ТВ, во своите авторски договори, покрај паричниот надоместок, добиле нешто што е речиси непознато за ТВ автори физички лица – рекламно време!
Еден од нив добил двеминутен рекламен простор неделно во својата емисија, а вториот две минути во својата неделна емисија, и уште две минути надвор од авторската емисија.
Рекламното време како евентуален дополнителен надомест може да му биде понудена на автор – физичко лице, но тоа ќе створи огромен број на облигациони односни меѓу авторот, клиентот кој ќе се рекламира и медиумот.
Целиот текст тука.