Македонија 01. јуни 2020. / 16:30

Вработен во Кривичниот суд позитивен на корона вирусот

Вработен во Кривичниот суд позитивен на корона вирусот

Вработен во Кривичниот суд е позитивен на тест за корона вирусот, обајви „Досие“, според чии информации се работи за вработен во судската писарница, кој живее во Чаир.

Засега од судот нема информации дали само вработените во писарницата или и други ќе заминат во изолација. Информацијата за „Досие“ ја потврдил вработен во судот, а се чека официјалното соопштение.

Од судот денеска информираа дека почнуваат со интензивни подготовки на сите судници и простории во судската зграда и оти од среда, 3 јуни, доколку во меѓувреме не се добијат нови напатствија од Судскиот совет, ќе се постапува по сите насрочени судења согласно календарот за судење објавен на веб страната на судот.

Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења која беше објавена во петок  29 мај, попладне започнува со интензивни подготовки на сите судници и простории во судската зграда. Во текот на денешниот ден ќе се врши целосно дезинфицирање на судниците и нов распоред за седење на странките согласно препораките на Владата за заштита од ширење на вирусот Кковид-19 – се вели во соопштението од Судот.