Од здружението за заштита на животните „Анима мунди“ на својата фејсбук-страна информираа за нов случај на насилство врз бездомни животни во скопската населба Аеродром.
Според нивнинте информации, сурово се убиени две кучиња, од кои едното било пронајдено мртво, а другото угинало во големи маки на пат до ветеринарна станица.
–Сведоци сме на комплетно бесредие, нарушување на јавен ред мир, загозување на безбедноста на се што е живо. Ниту едно ветување за похуман третман на животните, ниту една процедура, закон или пропис, ништо не е унапредено! Активистите за правата на животните се излажани како никогаш до сега, со фрапантни случаи на насилство и институционално (масовно) убивање на бездомните животни се соочуваме буквално секој ден! На кривични пријави за мачење на животните не се постапува (Пехчево, Штип), а камо ли по претставки за Законот за заштита и благосостојба на животните. Системот е во колапс, не функционира ништо. Не ли се најде итно сторителот – кој не може да е недостижен и невидлив во населба која е пренаселена и има камери на секој чекор – повторно масовно ќе се протестира низ улиците на Скопје и улиците на другите градови! Ниту доверба ниту трпение имаме повеќе, протести ќе има, да не биде изненаден никој – велат од Анима Мунди.