Македонија 01. февруари 2021. / 09:02

Возете внимателно: Одрони на патниот правец Струмица – Берово

Возете внимателно: Одрони на патниот правец Струмица – Берово

АМСМ соопшти дека поради одрони од карпи и земја, сообраќајот на патниот правец Струмица – Берово над рудникот Огражден се одвива отежнато.

Поради врнежите, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите.