Македонија 12. декември 2018. / 20:46

Возачот на газдата на „Пелистерка“ сакал да изнуди 150 илјади евра од неговата сопруга

Возачот на газдата на „Пелистерка“ сакал да изнуди 150 илјади евра од неговата сопруга

Личен возач на бизнисмен во притвор, се обидел да изнуди пари и се заканувал на сопругата на притвореник.

Од Обвинителството не го откриваат идентитетот на сопругот, ниту на уценуваната, но Телма дознава дека жртва на изнудата била сопругата на Цветан Панделевски од „Пелистерка“ кој е втор месец во притвор за предметот на СЈО – „Империја“.

Според Обвинителството, тој во ноември телефонски и се заканувал на жената, тврдејќи дека поседува документи со кои би можел да го извади од притвор нејзиниот сопруг.

Но, за да и ги даде документите возачот барал да му исплати 150 илјади евра, но и се заканил дека ако пријави во полиција ќе постави бомба и дека „ќе биде лошо за неа и за нејзините внуци“, информиаат од обвинителството.

Осомничениот е приведен и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.