Водно ќе биде затворено од 18 часот навечер до 6 часот наутро и таму нема да биде дозволено движење во тој период – соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски во неговото гостување во емисијата „Вин-Вин“ на Телма ТВ.
Ваквата одлука е донесена на седница на Владата.
Освен тоа, издадена е и наредба до МВР да изврши контрола на издавањето на сите вили во Сопиште и Соње за каде има сознанија дека се организираат приватни собири.
Спасовски посочи дека доколку се открие такво нешто, ќе има и кривични пријави за сопствениците.