Следете ја во живо прес-конференцијата на претседателот на Владата Оливер Спасовски, последна како технички премиер, пред изборот на новата политичка влада за што Собранието закажа седница во сабота на 29 август.
Спасовски за технички премиер беше предложен од поранешниот и иден претседател на Владата Зоран Заев, согласно Пржинскиот модел, и требаше шест месеци да ја предводи Владата чија цел беше организирање на предвремени парламентарни избори. Мандатот на техничката Влада се продолжи поради состојбата со Ковид-19 и воведувањето на вонредната состојба. Техничката Влада беше избрана на 3 јануари оваа година.
Мандатарот и лидер на СДСМ Заев, го предложи Спасовски да се врати на истата позиција каде што беше пред премиерската – министер за внатрешни работи.