Македонија 16. февруари 2021. / 11:42

(ВО ЖИВО) Потпишување декларација за соработка меѓу Македонија и Северна Рајна-Вестфалија

(ВО ЖИВО) Потпишување декларација за соработка меѓу Македонија и Северна Рајна-Вестфалија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за сојузни, европски и меѓународни прашања на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Штефан Холтхоф-Фертнер денеска ќе потпишат Заедничка декларација за намери за соработка меѓу владите на Република С. Македонија и Северна Рајна-Вестфалија.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, потпишувањето се одржува преку видео врска, заради епидемиолошките услови, а на свечената церемонија во Скопје ќе присуствува и амбасадорката на Сојузна Република Германија во С.  Македонија, Анке Холштајн.