Македонија 11. мај 2020. / 17:15

Во Велес втор ден нема ново регистрирани со коронавирус

Во Велес втор ден нема ново регистрирани со коронавирус

Според информацијата од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес втор ден нема новорегистрирани со Ковид-19, со тоа бројката на регистрирани во Велес останува на 107 колку што бea регистрирани на 9 мај.  Во моментот во градот има 49 лица со Ковид-19.

На Инфективното одделение при велешката Општа болница, како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, има 25 лица од кои кај 24 пациенти е потврдено присуството на Ковид-19, а еден чека резултат од тест. Денеска бил испишан еден пациент кој лежел во ова одделение, но по тестот се утврдило дека е негативен на ковид-19.

Во велешката Општа болница досега од ковид-19 се излекувани 26 пациенти.