Македонија 25. април 2020. / 18:15

Во Велес двајца новозаболени од коронавирус

Во Велес двајца новозаболени од коронавирус

ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани два нови случаи на Ковид-19 на територијата на Велес, со што бројката на дијагностицирани досега се искачи на 64.

Како што потенцираат од оваа јавна здравствена установа, добра вест е што досега во Велес има 10 излекувани пациенти. Во моментов има 51 активен случај, а досега три лица починаа.

Инаку на Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница денеска, исто како вчера, се хоспитализирани 20 пациенти, од кои 17 со регистриран Ковид-19, а тројца ги чекаат резултатите од земен брис.