Македонија 31. јули 2018. / 19:58

Во УЈП треба повеќе вработени според Рамковниот договор, констатира Владата

Во УЈП треба повеќе вработени според Рамковниот договор, констатира Владата

На денешната седница Владата ја усвои информацијата за состојбата со правичната застапеност на вработените во Управата за јавни приходи (УЈП), при што ја задолжи УЈП да изготви план за подобрување на состојбата.

Како што информираат од владината прес-служба, УЈП треба да изврши превземање на одреден број на вработени од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот Договор, согласно квалификациите и согласно донесената одлука на Владата.