Во Струга е прогласено епидемија на морбили порати зголемена појава на оваа болест, информираа од Центар за јавно здравје во Охрид. Пријавата била доставена вчера попладне.
-Ова значин дека родителите од Струга треба да ги вакцинираат децата и да се придржуваат до вакциналниот календар-рече Јованка Коровешовска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје од Охрид.
Бројката на заболени во Струга засега останува 24, но надлежните очекуваат нови случаи во наредниве 3-10 дена. Препорачуваат засилена дезинфекција и контрола во училиштата во градот и градинките. Сите заболени до сега се во добра здравствена ссотојба, вклучувајќи ги и 6-те деца помали од 12 месеци, кои не се вакцинирани.
Бројката на заболени во Дебар во моментов е 18 и до петкот ќе се знае даили и таму ќе се прогласи епидемија. Најдобра е состојбата во Охрид каде има само тројца заболени.