Македонија 03. март 2021. / 11:08

Во Струга е хоспитализиран маж со ковид-19 кој бил на патување во Занзибар

Во Струга е хоспитализиран маж со ковид-19 кој бил на патување во Занзибар

Во Струга е хоспитализиран маж со ковид-19 кој бил на патување во Занзибар, Африка, објави „Слободен печат“.

Како што пишува „Слободен печат“ директорот на болницата за нефрологија во Струга, доктор Александар Попоски, потврди дека од Битола му бил препратен пациент кој бил на патување во Занзибар, Африка и потоа со позитивен корона тест завршил в болница, исто како и неговата сопруга која била хоспитализирана во Скопје.

Не се завршени анализите во МАНУ кои треба да потврдат или да негираат дека станува збор за јужноафриканскиот сој на коронавирусот.

Има еден пациент кој ни дојде од Битола ненајавено. Во петокот слетал од Истанбул од Танзанија патувал, во Занзибар. Таму бил 15 дена со сопругата и два дена пред да дојде кренал температура. Дојде со висок креатинин и потврден на коронавирусот, без да ни кажат од битолската болница дека патувал во Африка, со што постои ризик. И вчера инсистиравме да се префрли во 8 Септември. Уште го немам вклучено на дијализа, стабилен е меѓутоа податоците отпосле се дека сопругата му била хоспитализирана во Скопје и заедно биле на пат. Сатурацијата му е добра, изјави д-р Попоски.