Во Собранието денеска ќе се одржи дебата за полагањето на државата матура на иницијатива на Клубот за младински прашања и политики.
Како што е најавено, на дебатата ќе присуствуваат претставници на Сојузот на средношколци, претставник на Министерството за образование, но тоа нема да биде министерката Мила Царовска, со оглед на тоа што е во самоизолација, пратеници.
Средношколците бараат наместо четири да полагаат два предмети за државна матура.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднесе предлог-измени на Законот за средно образование кои доколку би се донеле, ќе значи дека во услов на пандемија, односно оваа и евентуално следната година, матурантите да полагаат два предмети. Матурантите тврдат дека имаат поддршка од 70 пратеници. Меѓутоа, не се знае дали ДУИ ќе ги поддржи измените, но партијата се обрвза преку своите претставници во Владата да го покрене ова прашање на владина седница.
Во понеделникот тие го прекинаа привремено бојкотот во очекување одлука во Собранието каде што е доставен Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средно образование, а во вторникот на нивно барање имаа средба со премиерот Зоран Заев.
Владината прес-служба по средбата соопшти дека премиерот Заев изразил поддршка за средношколците и истакнал дека Владата е „отворена низ дијалог да разговара за изнаоѓање заедничко компромисно решение, кое е во полза на матурантите, со цел нивно квалитетно образование и во средното и понатаму во високото образование“.