Процесот за испорака на вакцините преку Ковакс механизмот е започнат и во следниве 2 недели во нашата земја ќе бидат испорачани над 100.500 дози вакцини во две одделни пратки, објави Локално.
Порталот пишува дека овие дози пратки на вакцини ќе стигнат во нашата земја заклучно со средината на април, како што најавија од Ковакс.
Процесот за испорака на вакцини преку Ковакс механизмот е започнат. За точниот датум на пристигнување во нашата земја јавноста ќе биде навремено информирана.