Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски во следните неколку дена ќе оди во самоизолација поради контакт со позитивно лице.
„Моменталната состојба е променлива и многу непредвидлива, коронавирусот ни наметна нови начини и услови на кој сите мора брзо да се прилагодуваме. Поради контакт со лице позитивно на „COVID19“, во следните неколку дена одам во самоизолација, по што ќе направам и тест“, напиша Бабовски.
Тој во моментот нема никакви симптоми и се чувствува одлично.
„Но, самоизолацијата ги менува моите секојдневни планови и обврски кои веќе ги имав испланирано за наредните денови. Се извинувам за сите откажани состаноци, планирани средби, настани. Здравјето и безбедноста на луѓето со кои имам секојдневни средби, семејството, блиските соработници, вработените во Агенцијата се приоритет. Ова ќе помине, да се чуваме, да носиме маски и заштита. Бидете здрави и живи сите, ова ќе помине а ние ќе бидеме посилини“,појасни Бабовски.