Македонија 27. ноември 2020. / 09:44

Во прекин сообраќајот на патот Гостивар-Чајле

Во прекин сообраќајот на патот Гостивар-Чајле

Со почеток во 8 часот, целосно ќе биде блокиран сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – Чајле.

Како што информираат од општина Гостивар, причина за прекинот е тоа што ќе се интервенира на преминот на железничката пруга на регионалниот пат.

Од општината ги замолуваат граѓаните да користат алтернативни улици. Работите се изведуваат во соработка со ЈП „Македонски железници“.