Македонија 25. јуни 2020. / 14:58

Во последните 24 часа корона вирусот зема жртви во четири градови во Македонија

Во последните 24 часа корона вирусот зема жртви во четири градови во Македонија

Според официјалните бројки на министерството за здравство, во изминатите 24 часа има шест починати лица. Двајца од починатите се од Штип, а по еден починат има од Скопје, Тетово, Охрид и од Ресен.

Во ГОБ „8 септември“ по прием е починат пациент (53г) од Ресен. Починат е пациент од Скопје (61г), лекуван болнички до 23 јуни. Во болницата во Штип починаа две лица, пациент (80г) хоспитализиран на 5 јуни и пациент (75г) хоспитализиран на 24 јуни.

Во ОБ Охрид почина пациент (68г) години, хоспитализиран на 23 јуни. Денеска институтот евидентира и претходно починат пациент од Тетово (79г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.595, бројката на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164.