Македонија

Во понеделник во Скопје доаѓа италијанската министерка за одбрана

Во понеделник во Скопје доаѓа италијанската министерка за одбрана

Министерката за одбрана на Италија Елизабета Трента в понеделник ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

За време на посетата на земјава, таа ќе има тет-а-тет средба со министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, по што ќе следуваат и разговори на двете делегации.

Двете министерки по средбите ќе имаат и изјави за медиумите.