Македонија 16. May 2019. / 10:52

Во понеделник ќе се расправа за одземање на мандатот на Груевски

Во понеделник ќе се расправа за одземање на мандатот на Груевски

Во понеделник е закажана седницата на комисија за деловнички и имунитетно мандантни прашања на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски.

Претседателот на собраниската комисија Павле Богоевски вчера кажа дека го добил дописот од претседателот на собранието, Талат Џафери со којшто го информира дека пратеникот Груевски неоправдано бил отсутен од седница на собранието повеќе од шест месеци.

Груевски не присуствува на собраниските седници од почетокот на ноември лани откако побегна од државава по правосилноста на пресудата на кривичниот суд за затворска казна од две години во случајот „Тенк“.