Македонија 10. октомври 2020. / 19:01

Во овие шест општини во Скопје има над 100 активни случаи на Ковид

Во овие шест општини во Скопје има над 100 активни случаи на Ковид

Во Скопје од почетокот на епидемијата предизвикана од Ковид-19 се регистрирани вкупно 8 277 случаи, од нив во моментов активни се 1 586. Скопје речиси секојдневно, во дневната статистика на Министерството за здравство за состојбата за ковид, е град со најмногу нови регистрирани случаи.

Денеска од вкупно 393 нови случаи, во Скопје има 189, а во главниот град оздравени се 34 лица.

Во главниот град во моментот има шест општини со по над 100 активни случаи. Најмногу има во Центар – 288 и Аеродром – 282, а во Карпош – 276. Во Кисела Вода – 178, Гази Баба – 163, а во Ѓорче Петров – 129 случаи.

Во Чаир има 83 активни случаи на Ковид-19, веднаш потоа Бутел со 62. Општина Илинден има 33 случаи, 17 во Сарај, три помалку 14 се регистрирани во Шуто Оризари. Следуваат:Сопиште – 8, Петровец – 7, Чучер Сандево и Зелениково со по 4 и по 3 активни случаи имаат Студеничани и Арачиново.