Македонија 23. април 2020. / 09:57

Во Основниот суд во Штип започна судењето на двајцата штипјани кои претепаа девојкa

Во Основниот суд во Штип започна судењето на двајцата штипјани кои претепаа девојкa

Во Основниот суд во Штип во 10.30 е закажан почетокот на судењето на двајцата штипјани П.А.(23) и С.А.(26), кои според објавеното видео пред неполн месец, претепаа 21-годишна двојка во влез на зграда.

Основното јавно обвинителство од Штип ги обвини за делото „Насилство“, а двајцата се во притвор во кумановскиот затвор.
Според најавите, можно е денеска воопшто и да не се одржи судењето, бидејќи бранителите на обвинитите не успеале да остварат контакт со своите клиенти. Двајата беа во изолација во притворот поради короно вирусот и не им беа дозволени никакви контакти.