Македонија 07. август 2020. / 15:35

Во општина Делчево од сега за услугите граѓаните ќе може да плаќаат со картичка

Во општина Делчево од сега за услугите граѓаните ќе може да плаќаат со картичка

Со цел подобрување на квалитетот на услугите на граѓаните и брза и ефикасна општинска администрација, Општина Делчево воведе наплата преку пост терминал.

Надлежните очекуваат овој начин на соработка да воспостави природни релации на взаемна почит помеѓу граѓаните и вработените во општинската администрација.

Со воведувањето на наплата на услугите на граѓаните преку пост терминал Општина Делчево се придружува на големото европско семејство на општините кои се отворени и достапни на граѓаните во насока на подобрување на квалитетот на живеење.Граѓанинот ако досега мораше да дојде до општината да праша колку треба да плати надоместок за да може да се поднесе барањето, па да оди во банка да го уплати износот со банкарска провизија и повторно да се врати во општината да ја донесе уплатницата за да се поднесе барањето до Општината, сега тој чекор веќе го нема, истакана надлежните.

Поздравувајки ги овие новини во функционирање на Општинскиот центар за услуги, делчевскиот градоначалник Горан Трајковски додаде дека Општината и понатаму ќе продолжи со својата отвореност за граѓаните со цел подобрување на услугите кои тие ги добиваат.

-Во едно отворено и демократско општество, администрацијата треба да и служи единствено на граѓаните. Поради тоа, воспоставената пракса и традиционалниот начин на администрирање на сложените активности поврзани со управувањето со прашањата од интерес на заедницата треба да се преобрази во нов, модерен и организиран начин, истакна Трајковски.

Напомена дека оваа и останатите услуги на Општинскиот Центар за услуги во Делчево граѓаните ќе можат да ги користат секој работен ден од 07.30 часот до 15.30 часот.