Македонија 22. март 2018. / 14:20

Во недела почнува летното сметање на времето

Во недела почнува летното сметање на времето

 

Овој викенд последниот од месец март 2018-та година, ноќта во 2 часот меѓу 24 и 25-ти март почнува летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Летното сметање на времето генерално им оди во прилог на продавниците, спортските активности, земјоделството и други дејности кои се поврзани со дневна светлина. Исто така, се заштедува електрична енергија, а според некои пресметки се заштедува и потрошувачката на нафта.