Зачестија пријавите за инциденти од залутани куршуми. Под овој летен дожд од залутани куршуми за само два дена забележани се пет случаи на инциденти во официјалните билтени на министерстото за внатрешни работи.
Во петте случаи кои се случиле вчера и завчера има двајца повредени Првиот случај е со 52 годишната жена која е повредена од пукотници на свадба во тетовското село Полог. Таа се здобила со прострелан рана на левата надлатица.
Последниот ваков случај е од вчера попладне кога 38 годишен пчелар од струшкото село Бороец кој бил погоден од заскитан куршум во левото рамо додека работел околу пчелите. Со дупка во ветробранското стакло поминало БМВ то со австриски таблички кое се движело на автопатот Тетово Гостивар кога пред него забележал група од автомобили кои пукале при семејната веселба.
И во трите овие случаи малку фалело од залутаните куршуми да има фатални полседици.
Во текот на вчерашнито ден проектил од залутан куршум е пријавен и во механичарскиот дел на затворо шутка кој прво удрил во настрешницата а потоа се забил во седиште кое било озвадено од автомобил. Исто така во текот на вчерашниот ден околу пладне скопјанец пријавил оштетување на својот кров од залутан куршум.
Надлежните власти исто така им укажуваат на граѓаните дека секој огномет, кој стана се почеста појава на семејните веселби, мора претходно да се пријави во полиција а за огномети од прва категорија да се преземат и безбедносни мерки и да се спроведуваат од страна на пофесионалци.