Македонија 18. јуни 2020. / 14:46

Во Македонија регистрирани 40 големи кластери на заразени

Во Македонија регистрирани 40 големи кластери на заразени

Директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова, соопшти дека се регистрирани повеќе од 40 големи кластери на заразени на територијата на цела држава, а во еден период и 15 до 20 кластери на територијата на Скопје.

Решенија на позитивни лица се издадени во Чаир, Гази Баба, Аеродром, Сингелиќ и Сарај. Епидемиолошките анкети укажуваат на бројни семејни кластери. Во периодот од 24 мај наваму, односно денот кога почна релаксирањето на мерките евидентно се зголемува бројот на позитивни пациенти. Секој ден бројот на позитивни пациенти значи огледало на нашето однесување ретроградно наназад најмалку 14 дена. Во овој период регистрирани се повеќе од 40 големи кластери на територија на целата држава и неколку кластери, во еден период беа 15, па 20, на територијата на Град Скопје – изјави Сотирова Бухова.

Во однос на семејните кластери, Сотирова Бухова потенцира дека според епидемиолошките анкети, сме имале од четворица до 20 инфицирани со исто презиме односно во една фамилија.

Досега ДСЗИ има издадено над 8.000 решенија по основ на контакти, над 3.200 решенија на позитивни за домашно лекување и самоизолација и над 3.500 решенија на повратници со негативен PSR тест – додаде д-р Сотирова Бухована прес-конференцијата.