Македонија 24. јули 2019. / 17:22

Во Македонија е уапсен поранешен припадник на ОВК

Во Македонија е уапсен поранешен припадник на ОВК

Во Македонија е уапсен косовскиот државјанин Томор Морина, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), по кого имало распишана потерница од Интерпол, пренесува МКД.мк .

Претходно Радио Слободна Европа објави дека Министерството за надворешни работи на Косово го осудило апсењето и притворањето на Морина, врз основа на потерница на Интерпол, на барање на Србија.

Ова е уште еден пример на политичка злоупотреба која ја врши Србија со вакви налози за апсење – изјавил Јетљир Зуберај, шеф на кабинетот на косовскиот министер за надворешни работи.

Тој најавил дека прашањето ќе го покренат и во ЕУ за да се дејствува веднаш и „да се спречат такви злоупотреби од страна на Србија”.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.