Во Македонија досега се направени над половина милион тестови за коронавирус.
Министерството за здравство денеска информираше дека досега во земјава се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на пандемијата изнесува 100.632.
Оздравени се 90.311, а бројката на лица кои ја изгубија оваа борба изнесува 3.098.
Во моментов како активни случаи се водат 7.223.