Од 136 регистрирани случаи на заразени со новиот коронавирус во земјава, од кои 133 се се уште активни (двајца починаа, а еден пациент се излекува), 24 се увезени, покажува деталната статистика што ја води и објавува Институтот за јавно здравје.
Од вкупниот број на случаи, 24 се импортирани, од кои за 3 има податок за контакт со потврден случај на COVID-19 за време на нивниот престој во странство. Само едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), велат од Институтот за јавно здравје.
Соодветно, 112 случаи се резултат на локална трансмисија на вирусот.