Македонија 12. април 2018. / 17:22

Во Липково приведени 12 мигранти, кои се криеле во автомобил „Ауди А6“

Во Липково приведени 12 мигранти, кои се криеле во автомобил „Ауди А6“

Ноќеска околу 01.30 часот во с. Матејче, општина Липково, полициски службеници забележале патничко возило „Ауди А6“ со српски регистарски и национални ознаки и извршиле преглед на возилото. При прегледот, во возилото биле пронајдени 12 лица. Тие биле приведени за понатамошна постапка.