Центарот за јавно здравје во Куманово во последниве 24 часа евидентира 17 нововозаболени од Ковид-19, сите од градот, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 34 пациенти.
Новозаболените потекнуваат од веќе познати кластери. Тие велат дека имале контакти со заболени членови од семејства, од работни места, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.
Извршени се 23 тестирања од кои 19 по „МојТермин“ и четири тестирања се извршени согласно епидемиолошки индикации.
Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Ковид дијагностицирани се 1.513 лица, а во моментов активни се 281.