Македонија 29. април 2020. / 11:26

Во Куманово се делат маски, а екипи на ОШЗС се грижат и за одржување на редот

Во Куманово се делат маски, а екипи на ОШЗС се грижат и за одржување на редот

Општинскиот штаб за заштина и спасување во Куманово продолжува со своите активности и мерки за заштита и спречување на ширење на коронавирусот во градот. Градоначалникот на градот, Максим Димитриевкси на својот фејсбук профил информираше дека екипите на ОШЗС делат заштитни маски на граѓаните и се грижат за почитување на редот на повеќе пунктови во градот.

Пред пет дена Владата обезбеди 34.000 маски за граѓаните на Куманово. Од 23 месецов во целата држава донесена е одлука за задолжително носење на заштитна опрема, пред се маска или шал на улица и во затворени простории.